СДСМ МОЛЧИ ДОДЕКА НЕГОВАТА ПОСЛУШНИЧКА КАЦАРСКА БАРА НАМАЛУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ Таа е дел од оние поради кои граѓаните немаат доверба во судството, порача ВМРО-ДПМНЕ

Кацарска како послушничка и извршителка на Заев беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеја и по 12 часа, потсети ВМРО-ДПМНЕ.

1

Добрила Кацарска беше наградена во уставен судија поради понизноста и послушноста кон СДСM, потсетува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Кацарска како послушничка и извршителка на Заев беше наградена за предметот за 27 април, каде предметот го обликуваа во обвинителен акт и за истиот пресуди драконски затворски казни од над 200 години во нехумана и нефер судска постапка, изживувајќи се врз луѓето со рочишта кои траеја и по 12 часа. Кацарска е дел од оние во правосудството, кои на очиглед на целата јавност правеа бројни прекршувања на постапките, процедурите и на законите и кои се причина за доверба од 2 проценти во правосудството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






СДСМ молчи додека нивната маша во Уставниот суд, Кацарска, бара зголемување на нејзината плата од околу 100.000 денари, а укинување на зголемувањето на пензиите од 7.000 денари, додава партијата.

„Токму поради тоа, неопходни се реформи во правосудството. За да се обезбеди поефикасен и праведен систем неопходно е да се врати довербата на граѓаните во институциите. Граѓаните заслужуваат транспарентно, независно и ефикасно правосудство, ослободено од партиските стеги и какви било партиски интервенции. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на сите граѓани за раст на пензиите, платите и за подобар животен стандард на сите граѓани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини