СДСМ: Мицкоски се лаже ако мисли дека со протести ќе го загрози преговарачкиот процес со ЕУ

436

Очајот и фрустрациите по поразот на изборите кај Христијан Мицкоски од ден на ден се зголемуваат, а последен доказ за тоа се неговите најави за наводни протести наесен иако државата доби нова европска Влада пред само неколку денови, се вели во соопштението од СДСМ.

„Најавите за некакви протести наесен, колку и да се нереални, коинцидираат со времето кога очекуваме почеток на преговорите со ЕУ. Ако Мицкоски мисли дека може да го загрози преговарачкиот процес, се излажал, ќе му пропадне и овој обид да ја закочи земјата. Граѓаните го кажаа своето, Мицкоски е поразен, неговите деструктивни политики се поразени, татковината продолжува напред кон ЕУ, со Зоран Заев на чело на Владата којашто ја предводи“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини