СДСМ: Мицкоски призна дека вршел притисок во МВР за теретаната

Мицкоски ќе остане запаметен за време на коронакризата дека беше на спротивната страна, дека лажеше и се однесуваше неодговрно и незрело, наведено е во партиското соопштение.

676

Христијан Мицкоски денеска самиот призна дека вршел притисок во МВР за случајот со теретаната, реагираше СДСМ преку соопштение.

„Не само што праќал пораки, туку Мицкоски се јавувал на телефон и вршел притисок во внатрешната контрола за неговиот случај. ‘Здраво, би сакал да се слушнеме‘ е ново признание за обидите на режимската инсталација на старото МВРО-ВМРО.  Но, тоа време заврши. Според истото принзание на Мицкоски, притискот е извршен со помош на Наќе Отсјај, што отвора други основи за одговорност. Јавноста очекува истрагата да заврши и да ги даде одговорите. Снимките ги виде цела јавност среде најголемата пандемија. Мицкоски си влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата ‘Тигар‘ и уште еден полициски службеник. Мицкоски ќе остане запаметен за време на коронакризата дека беше на спротивната страна, дека лажеше и се однесуваше неодговрно и незрело“, наведено е во партиското соопштение.

Поврзани содржини