СДСМ: Мицкоски нека ги научи протоколите, па нека глуми загриженост

„Единствено што Мицкоски може да направи е конечно да ги научи протоколите за заштита од коронавирусот, да не оди по теретани и да не седи во затворени делови. Потоа може да си продолжи да глуми загриженост за економијата и за здравјето на граѓаните“, наведено е во соопштението.

731

Лицемерието, лажната загриженост и неодговорноста на Христијан Мицкоски немаат крај, обвини СДСМ преку партиско соопштение.

„Напладне Мицкоски е загрижен за состојбата со коронавирусот, а попладнево веќе можеби ќе оди во тератана или затворен дел од ресторан каде што ќе ги крши мерките кои имаат за цел заштита од ширење на вирусот, како што впрочем досега. Напладне Мицкоски наводно е загрижен за економската состојба, а неговата дополнителна министерка во Владата, Гордана Димитриеска Кочоска блокираше и се уште блокира проекти важни за економијата, меѓу кои и проектот за помош од 90 милиони евра од Светска банка. Кредит што меѓу другото е за помош на граѓаните како и здравствениот систем – или ова за него не е важно. Да не зборуваме за нарушување на угледот на Македонија пред меѓународните финансиски институции. До вчера тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги критикуваа мерките и поддршката за компаниите и граѓаните, а сега бара тие да продолжат и во следните месеци. Да не се грижи тој за тоа, ние сме покажале дека умееме и без неговите предлози, најдобро да им помогнеме на компаниите и на граѓаните“, се вели во соопштението.






Таму е наведено дека Мицкоски е тотално загубен и дека во време кога цел свет се бори со сериозна глобална економска криза, кога и посилни и поголеми економии се соочуваат со голем пад на економијата, голем пад на работните места, Мицкоски заклучува дека имало пад на извозот, а при тоа не нуди никакви решенија како што не понуди ниту за време на целата криза.

„Единствено што Мицкоски може да направи е конечно да ги научи протоколите за заштита од коронавирусот, да не оди по теретани и да не седи во затворени делови. Потоа може да си продолжи да глуми загриженост за економијата и за здравјето на граѓаните“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини