СДСМ: Мицкоски не знае што е училиште, а што е урбана заедница

Би го повикале Мицкоски да учи од овие чекори на СДСМ за врвна внатрепартиска демократија, но нема капацитет ниту за тоа, очигледно е, се вели во соопштението на СДСМ.

453

Христијан Мицкоски не знае што е училиште а што урбана заедница. Заглавен во белата палата како слуга на Груевски тој воопшто не си ја познава сопствената земја, реагираше СДСМ преку соопштение, откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно обвини дека партискиот зибор на нов претседател на СДСМ се одвивал во училишта.

„Чиста лага и незнање е тврдењето на Мицкоски. Не станува збор за училиште туку за простории на Урбана заедница, поточно урбана заедница Тризла 1 во Прилеп. Ниту едно од сите 237 избирачки места за директните внатрепартиски избори во СДСМ не беше во училиште и сите се со регуларни договори по сите прописи. Првите директни внатрепартиски избори во СДСМ се пример не само за највисок степен на демократија туку и за одлична организација и по сите стандарди за заштита на здравјето. Не е првпат Мицкоски да шири лажни вести каде ќе стигне, тој е познат извор на невистини. Ама Мицкоски има уплав од демократија, голем страв има од сопственото членство, од граѓаните, затоа три дена плаче. Не разбира Мицкоски што е демократија, напредок и одговорност, тој знае само да лаже и да брани криминалци. Би го повикале Мицкоски да учи од овие чекори на СДСМ за врвна внатрепартиска демократија, но нема капацитет ниту за тоа, очигледно е“, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани содржини