СДСМ: Мицкоски има единица и по енергетика и по економија

Неговите „резултати“ во работењето го прават најнеуспешниот директор во историјата на компанијата, во чие време цената на струјата се поскапи за 100 проценти.

392

Постојаните напади кон АД ЕСМ (поранешно АД ЕЛЕМ) од страна на Христијан Мицкоски имаат две цели: да го потврдат статусот на Мицкоски како најнеуспешен директор на Државните електрани во историјата на компанијата и да го ублажат, колку што е можно, извесниот пораз што го очекува на следните избори, реагира СДСМ.

– Мицкоски сака на три месеци до избори да застане се за да може тој да се оправда пред своето членство за новиот пораз што ќе го доживее. И самиот Мицкоски треба да биде свесен дека одамна зад нас е 2017 година, кога во јануари потпиша договори од јавни набавки од десетици милиони евра со рок на траење од две години. Дополнително, веднаш по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите, кога беше кристално јасно дека партијата заминува во опозиција, во функција на генерален директор на тогаш АД ЕЛЕМ, а сега АД ЕСМ, Мицкоски склучи договор за ископ со Марковски компани, после постапка со преговарање или според неговиот вокабулар, постапка во четири очи – велат од СДСМ:






Партијата порача наместо тој да ја замајува и засмејува јавноста со секојдневни неосновани напади врз АД ЕСМ, Мицкоски најпрвин треба да си признае себеси дека фактот што го раководел некогаш АД ЕЛЕМ не значи и познавање на областите енергетика и економија. И во двете области Мицкоски има единица!

– Неговите „резултати“ во работењето го прават најнеуспешниот директор во историјата на компанијата, во чие време цената на струјата се поскапи за 100 проценти – велат од СДСМ.

 

Поврзани содржини