СДСМ МАНИПУЛИРА, СО НИВ ЗАОСТАНАВМЕ ЗАД СИТЕ ВО РЕГИОНОТ Реалната плата имаше пад, а не раст, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Додека Македонија имаше раст на БДП по глава на жител во период од 2017 до 2022 од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас нѐ поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

205

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на партијата СДСМ, за време на која пратеничката Јована Тренчевска ја обвини Владата за падот на просечната плата во Македонија за 1.000 денари.

„Со СДСМ Македонија ги престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи забрзано на економска трансформација.






СДСМ манипулира. Со СДСМ заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст.

Додека Македонија имаше раст на БДП по глава на жител во период од 2017 до 2022 од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас нѐ поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас.

Со СДСМ Македонија има ненадоместливи штети.

Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија оди кон економска трансформација, нови инвестиции, владеење на правото и нови мерки и проекти за подобра иднина.

За првпат во историјата на државата пензиите ќе се зголемат за 5.000 денари.

Ќе растат и платите. Македонија оди напред, а СДСМ можат само да учат како се работи“, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Ова следува по изјавата на Јована Тренчевска дека за првпат, по 7 години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас, која е намалена за 1.000 денари.

Поврзани содржини