СДСМ МАНИПУЛИРА, НЕМА НИКАКВА ЗЛОУПОТРЕБА НА ВЛАДИНИОТ АВИОН Почитуван е правилникот на Владата, вели Митева

Мора да бидеме концизни и конкретни кога ги кажуваме работите. Има факти, има институции, има податоци коишто со текот на времето сѐ повеќе и повеќе излегуваат на површина – рече Митева.

91

СДСМ се служи со манипулации и невистини во јавноста, со расфрлање на пердуви кои што не носат апсолутно ништо. Ако ја изгледаат прес-конференцијата ќе знаат кои се причините, зошто и како е користен владиниот авион, дека истиот е користен согласно правилник за работа на Владата, рече Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

– Јавноста е доволно мудра за да заклучи зошто Владата носи определени политики, се залага за една политика која што значи предвидливост, стабилност за државата, економски напредок и ќе продолжиме во таа насока, а се надевам дека опозицијата вистински ќе се реформира. Апсолутно можам да кажам дека нема ниту една злоупотреба на користење на државниот воздухоплов – рече Митева.






Митева во емисијата упати остра критика до Андреј Жерновски за молкот од страна на опозицијата, во однос на случајот со запленетата марихуана, нагласувајќи дека токму одговорите за тоа кој е сопственикот и која е фирмата треба да се дадат од нивна страна.

– Одговори многу даваме, но некако од вашата страна го слушаме молкот, до каде водат тие 5, не 7, туку 40 тони марихуана, кој е сопственикот, која е фирмата, чиј претседател на општински одбор бил и така натаму. Одговорите треба да дојдат од другата страна затоа што кога ќе се отворат многу прашања кои што во минатото ја создале таа матна вода, а вие некако денес во таа матна вода пробувате да ловите, не успева таа тактика. Мора да бидеме концизни и конкретни кога ги кажуваме работите, има факти, има институции, има податоци коишто со текот на времето се повеќе и повеќе излегуваат на површина – рече Митева.

Поврзани содржини