СДСМ: Македонците не се хистерични, хистеријата е само кај Мицкоски

329

Хистерија по сите дефиниции е карактеристика на нервно растројство. Откако призна за самиот себе си дека е хистеричен, Мицкоски ги навреди граѓаните, ги навреди Македонците, без срам и перде за хистеричен го прогласи целиот македонски народ, реагира СДСМ на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на протестот на партијата.

– Тоа воопшто не е точно и Мицкоски е најсоодветно да се извини. Македонците не се хистеричен народ, хистеријата е само кај губитникот Мицкоски. Губитникот Христијан Мицкоски е осамен и изолиран во сопствената хистерија, во сопствениот очај. Тоа се гледа на секој негов таканаречен протест, каде има се помалку негови поддржувачи. Најавите за некакви блокади на државата не се ништо ново, тоа е единствената желба на губитникот Мицкоски, да ја закочи државата, да го закочи напредокот, членството во ЕУ. Но нема да успее очајниот Мицкоски.  Граѓаните застанаа зад СДСМ, избраа европска иднина, избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно ја движат македонската држава и целиот македонски народ кон исполнување на стратешките цели, со зачуван македонски идентитет – велат од СДСМ.

 

Поврзани содржини