СДСМ ЛАЖЕ, МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА НЕМА БУГАРСКИ ПАСОШ Партијата се претвори во таблоид, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Очигледно нема дно кое СДСМ не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

0

Министерката за енергетика Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации. Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДСМ, која мислат дека ако 1.000 пати ја повторат некој ќе поверува. Жално е како СДСМ се претвори во таблоид партија, каде редовен фолклор се црвени наслови по примерот на нивните белградски ментори“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.






Очигледно нема дно кое СДСМ не може да го пробие, па само ја срамат некогаш големата партија, се додава во реакцијата.

„Дали Филипче има контрола и гледа што пишуваат или сам дал дозвола да го носат кон дното, не знаеме, ниту не интересира, но факт е дека не му мислат добро“, додава ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини