СДСМ ОСУДЕН ЗА НАВРЕДА И ЗА КЛЕВЕТА НА МИЦКОСКИ „Ќе ја барам правдата секогаш кога политичка партија ќе ме наклевети“
По којзнае кој пат, откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но, овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство, од страна на политичките противници, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.
И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија, напиша премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук, откако Апелацискиот суд ја одби жалбата на СДСМ и пресуди дека партијата го наклеветила Мицкоски.
„По којзнае кој пат, откако сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници. Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма, како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат. Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколку пати по ред, без исклучок, ги губат судските случаи, затоа што клеветат. Дури и ваквото судство не може да ги испере“, објави премиерот на Фејсбук.
Тој ја објави и пресудата на Апелација, со која се потврдува пресудата на првостепениот суд дека СДСМ го навредила Мицкоски со тврдењето објавено на официјалната Фејсбук страница дека „антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на Никола Груевски“, а го наклеветил со тврдењето дека „Мицкоски е пион кој се збогатил благодарение на неговиот шеф и ментор“.
&;