СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ СКАРАА И ЗА ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА Кој бојкотира и кој поддржува фашизам?

440

СДСМ попладнево го обвини ВМРО-ДПМНЕ дека го бојкотирала Денот на победата над фашизмот

„Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, денеска не испрати своја партиска делегација и го бојкотираше централниот настан за чествување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот. Тоа е срамно, неодговорно и скандалозно постапување на ВМРО-ДПМНЕ, очигледно дека на партијата предводена од Мицкоски Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа не ѝ значи ништо. Државноста на нашата земја почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста“, се вели во соопштението на СДСМ.






На ова возврати ВМРО-ДПМНЕ:

„Единствениот фашизам кој се промовира е од партијата СДСМ, која фашистите ги направи администратори и кои во Битола дозволија промоција на фашизам. СДСМ поддржува фашизам, затоа што е партијата под чиј патронат се одвива идентитетско обезличување.

Тоа што ќе положат цвеќе на приватизирани прослави не ги прави антифашисти, туку делата кои ги оставаат зад себе а го говорат спротивното. Како тоа СДСМ е европска партија, а секој ден со нив сме подалеку од ЕУ? Вредностите на ЕУ се демократија и слобода, а на СДСМ криминал и корупција“.

Поврзани содржини