СДСМ И ПЕЦЕ МИРЧЕВСКИ СЕ ФАТЕНИ ВО КРИМИНАЛ Ги користеле институциите за лично богатење

Службата за општи и заеднички работи, наместо да се користи за добро управување на ресурсите и во служба на граѓаните, била користена за лична корист и за богатење на Пеце Мирчевски, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

284

Државните институции на СДСМ му служеа за лично богатење, 7 години власт, буџетите на институциите СДСМ ги користеше како непресушен извор за богатење на поединци, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Преку наместени тендери ги празнеше државните буџети на институциите, а парите завршуваа кај лица од СДСМ или на нив блиски лица, вели партијата.






„Тоа е карактеристика на лицата кои што СДСМ ги поставуваше на раководни државни позиции. И поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски е еден од нив. Тој, Службата за општи и заеднички работи при македонската влада, ја користел за личен профит. Преку нивниот кадар Мирчевски, СДСМ го празнеле буџетот за тендери кои се доделувале на нивни блиски лица“, се вели во соопштението.

Тоа го увидело и Јавното обвинителство кое покрена и обвинение, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„Констатирале дека Пеце Мирчевски од СДСМ во периодот од 9.6.2021 година до 13.6.2024 година, свесно и со умисла во повеќе наврати извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши. Односно, станува збор за потпишување на 5 договори за јавни набавки со фирма од Скопје, во сопственост на нему блиско лице, а притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси и не се изземал од истите постапки за јавни набавки. Мирчевски во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект кој ги добил тендерите од СОЗР, со негов личен потпис. Со овој начин на постапување, Пеце Мирчевски директор на СОЗР, сторил кривично дело примање поткуп“, соопшти партијата.

СОЗР, наместо да се користи за добро управување на ресурсите и во служба на граѓаните, била користена за лична корист и за богатење на Пеце Мирчевски, потенцира ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Пеце Мирчевски со двете раце се фатени во криминал. Едно по едно, на виделина излегуваат сите злоупотреби кои СДСМ и нивните функционери ги правеле изминативе 7 години. За ваквите криминални дејствија на лицата од СДСМ, на кои службата на раководните позиции во државните институции им била само за лична корист и за богатење, одговорност ќе има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани содржини