СДСМ И ОД СУДСКИОТ СОВЕТ НАПРАВИ ПАРТИСКИ ШТАБ Дамева и другите залутани во судството, веднаш да си заминат, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Ваквите црпнати и насадени кадри во судството се причината зошто граѓаните немаат доверба и зошто корупцијата и криминалот на власта цветаат“, оценува опозициската партија.

998

СДСМ се во паника и затоа партизацијата на судството зема се поголем замав. Во трас-трас судството владее корупција, непотизам и криминал, изјави пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ.
– Од оваа говорница уште еднаш ги повикувам министерот за правда и Антикорупциската комисија да се произјаснат во врска со назначувањето на Весна Дамева, член на СДС Ми член на партиската комисија на СДСМ, од стручна соработничка без искуство во судење, најпрво во член на Судски Совет, а сега и негов претседател. Антикорупциската за ова не смее да молчи и мора веднаш да реагира! – изјави Панова.

Таа го повика и Јавното обвинителство да истражи кои се тие судско-бизнис елити, толку силни, коишто ја натераа претходната претседателка Црвенковска да замине од функцијата претседател на Судскиот совет, за на нејзиното место да седне Дамева.






– Дали Дамева е назначена токму од овие судско-бизнис елити? Што треба да испорача? Власта мора да одговори на овие прашања и да има одговорност. Малку им беше меѓународниот срам со изборот на првиот обвинител, сега инсталираа и партиски член, член на партиска комисија на СДСМ да го води Судскиот совет. После сите овие скандали, дури и оние 8% доверба од граѓаните им се премногу. Го претворија судството во партиски штаб во кој вдомуваат само некомпетентни партиски членови – изјави Панова.

Претходно и нејзината партија се огласи со оценка дека изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е показател за партизирањето на судството во Македонија, кое го прави власта на СДСМ и на ДУИ. Што би рекле граѓаните „партизирањето пуштено на најјако“.

„Ваквите црпнати и насадени кадри во судството се причината зошто граѓаните немаат доверба и зошто корупцијата и криминалот на власта цветаат. Исто како и изборот на Ислам Абази така и изборот на Дамева се класичен партиско политички договор на владејачките партнери. Тие дури и запазиле во текот на изборот лицата да имаат фотографии со врвните партиски фигури од двете партии како врвна препорака за функцијата. Ова ако им е критериумот, тогаш очигледно строго го почитувале. Да биде уште потрагично за Дамева ваквата фотографија со Заев не била ништо спорно. Тоа го покажува капацитетот и моралниот интегритет на еднo лице кое од партиската правна комисија на СДСМ брзопотезно стана претседател на Судскиот совет. Ваквите залутани ликови во правосудството треба час поскоро да си заминат. Време е да понесат одговорност сите оние кои преку партиски нарачки дојдоа на функции да го штитат криминалот на власта“, се вели во во партиското соопштение.

Поврзани содржини