СДСМ И ДУИ СЕ ОДНЕСУВААТ КАКО ДА СЕ ОПОЗИЦИЈА 9 ГОДИНИ, А НЕ САМО 90 ДЕНА Новата Влада не е воопшто виновна за одлуката на ЕУ, реагираше Вреди

Да ги почневме уставните измени дента кога беше конституиран новиот пратенички состав, тие немаше да бидат завршени до ноември, бидејќи постапката трае шест месеци. Ова значи дека одлуката на ЕУ за одвојување на Албанија и Македонија е детерминирана за време на мандатот на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, порача Вреди преку соопштение.

506

Не постои поголемо потценување на јавноста од тоа да се обвини новата Влада за одлуката на ЕУ за одвојување на Албанија, реагираше коалицијата Вреди преку соопштение.

„Да ги почневме уставните измени дента кога беше конституиран новиот пратенички состав, тие немаше да бидат завршени до ноември, бидејќи постапката трае шест месеци. Ова значи дека одлуката на ЕУ за одвојување на Албанија и Македонија е детерминирана за време на мандатот на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, кои не успеаја да го вратат Груевски за да им обезбеди двотретинско мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот. Ќе бевме пресреќни ако одлуката на амбасадорите на земјите членки на ЕУ за отворање на првото поглавје со Албанија, се однесуваше и за Македонија. Сепак, нашиот прогрес кон целосно членство во ЕУ е повторно забавен поради билатерални прашања и масовната корупција на оние кои со години ја користеа европската реторика за секојдневни манипулации. Сепак, очекуваме одлуката на ЕУ за Албанија да делува стимулирачки за во најкус можен рок да се изнајде соодветно решение кое ќе ги обезбеди соодветните гаранции за усвојување на уставните измени“, реагираше Вреди.






Коалицијата Вреди останува посветена на забрзување на процесот на интеграција и спроведување на неопходните реформи кои ги исполнуваат највисоките европски стандарди, се вели во соопштението.

„Коалицијата Вреди нема да застане додека Македонија не го заземе своето заслужено место во Европската Унија. Ќе продолжиме да се бориме за европската иднина на земјата, оставајќи ги зад себе манипулациите и корупцијата од минатото. Европа нѐ чека – и ние сме подготвени да ја реализираме оваа визија“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини