СДСМ И ДУИ СЕ НЕПОГОДА ЗА МАКЕДОНИЈА Наместо кон ЕУ, тие ја влечеа земјава назад
СДСМ и ДУИ само зборуваа за ЕУ, а молеа да не оди Македонија напред затоа што тоа ќе значеше крај на нивната криминална пракса, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Функционерите од СДСМ и на ДУИ кои до вчера беа на функции како да живеат во некој паралелен свет, свет во кој важат некои нивни правила. Свет во кој основно правило беше да се лаже и изигрува народот, реагираше ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДСМ и ДУИ од патот на Македонија кон ЕУ знае само да се сликаат во авион и да лажат дека паднал договор и оти Македонија добила датум за преговори со Брисел. СДСМ и ДУИ се партии кои ја блокираа Македонија на патот кон Европската Унија ветувајќи нешто што немаа поима како ќе го исполнат. Тие ветуваа и потпишуваа договори со кои наместо да ги решаваат отворените прашања со соседите, тие ги комплицираа дополнително. Македонија не виде ништо од СДСМ и ДУИ, освен криминал. СДСМ и ДУИ само зборуваа за ЕУ, а молеа да не оди Македонија напред затоа што тоа ќе значеше крај на нивната криминална пракса. СДСМ и ДУИ отвораа проблеми на секое поле, а со тоа само ја кочеа Македонија да се движи напред, да оди кон ЕУ. Неспособноста завршува со нив. Сега се работи во интерес на граѓаните, во интерес на просперитетна Македонија“, наведено е во партиската реакција.