СДСM и ДУИ ја уништија државата, наместо подобро здравство како што ветуваа, не само што направија полошо, туку и го уништија и тоа што функционираше. СДСM и ДУИ седум години кажуваа само лаги. Ветуваа нов клинички центар во Скопје, ветуваа дека ќе го завршат новиот клинички во Штип, но од ова ништо не реализираа, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
„Редеа само скандали, местење на тендери, обиди за распродавање на јавното здравство, крадење лекови од граѓаните како скандалот Онкологија. Медицинскиот кадар го заборавија, наместо да го задржат го мотивираа да замине. Немаше доедукации, немаше соодветни планови за вработување на медицинскиот кадар. За оние кои остана во државава не обезбедија соодветни услови за работи. Зад себе за седум години оставија само деградација на здравствениот систем и кадар кој е демотивиран од непотистичките, исполитизирани вработувања, без критериуми. Ова е слика на владеење на СДСМ“ – се вели во соопштението.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на трибина во Штип зборуваше за проектите на ВМРО-ДПМНЕ во здравството, за враќање на стариот начин на функционирање на Клиничкиот центар и нвестирање во инфраструктурата во здравството.
– Клиничкиот центар во Штип ќе биде доизграден, а исто и Клиничкиот центар во Скопје. Нам ни треба целосна трансформација – порача Мицкоски.