СДСМ: И да се качи на Месечината, космонаутот Мицкоски нема да избега од поразот

Граѓаните знаат дека во ВМРО-ДПМНЕ силно е присутна криминално-режимската матрица и затоа оваа партија е шест пати поразувана на избори и затоа уште долго ќе остане во опозиција, се вели во соопштението.

611

Христијан Мицкоски е докажан губитник, предводник на докажано криминална и режимска партија, обвини СДСМ преку соопштение.

„И на месечината да се качи, космонаутот Мицкоски нема да може да избега од поразите и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Последните јавно објавени информации во неколку медиуми покажуваат дека соработникот на Мицкоски, Антонио Милошоски бил осуден за кривични дела во Германија во 2004 и 2005 година, а овде, во државата се водат и судски процеси против него како и кон повеќе актуелни и поранешни пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните знаат дека во ВМРО-ДПМНЕ силно е присутна криминално-режимската матрица и затоа оваа партија е шест пати поразувана на избори и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини