СДСМ ГО ПРАШУВА ВМРО-ДПМНЕ Каква врска има бодигард на Мицкоски со препродажба на парцели за фотоволтаици?

Скандал со препродажба на парцели за фотоволтаични централи поврзан со функционери на ВМРО-ДПМНЕ откри денеска СДСМ.

959

Скандал со препродажба на парцели за фотоволтаични централи поврзан со функционери на ВМРО-ДПМНЕ откри денеска СДСМ.

Лица купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево. Истите парцели само неколку дена подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност за на нив да се изградат фотоволтаични централи. Меѓу лицата опфатени со предистражната постапка на Управата за финансиска полиција е и таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески. Според информациите од истрагата објавени во медиумите, едно од лицата кое препродало земјиште е и извесен Влатко И. кој е дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски. Другото лице кое препродавало ниви по 40-кратно повисоки цени е извесен Дарко Т., советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево од 2013 до 2017 година“, се наведува во соопштението од СДСМ.






Оттаму го повикуваат Мицкоски да одговори каква е неговата поврзаност и поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со овој скандал.

„Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања? Јавноста очекува одговори на овие прашања, а истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај“, се додава во соопштението од СДСМ.

Поврзани содржини