СДСМ ГО ОТКАЖА МАРШОТ ВО БОГДАНЦИ, ЌЕ МАРШИРА ВО СКОПЈЕ Филипче вели дека се приклучуваат на протестот како граѓани

Филипче потенцира дека СДСМ не е дел од организаторите на утрешниот протест, туку нејзините членови и симпатизери само се приклучуваат како граѓани. 

73

СДСМ го откажува традиционалниот марш за 8 Март што требаше да се одржи утре во Богданци и се приклучува на протестот „Нема да нѐ снема“, соопшти денеска претседателот на партијата, Венко Филипче.

Како што истакна Филипче на прес-конференција, СДСМ утре ќе биде со граѓаните.






– И оваа година требаше да го одбележиме 8 Март, но трагичниот настан во Скопје, смртта на мајката и детето, длабоко нѐ потресе. Ова не е индивидуална трагедија, туку уште еден доказ за системскиот проблем за насилство врз жените, за неадекватна реакција на институциите и за нивниот неуспех да се справат со овој проблем. Ќе бидеме како граѓани заедно со граѓаните за да кажеме дека е доста од мртви жени и деца поради нереагирање на институциите – истакна Филипче.

Тој потенцира дека СДСМ не е дел од организаторите на утрешниот протест, туку нејзините членови и симпатизери само се приклучуваат како граѓани. 

Поврзани содржини