СДСМ ГО ДРЖЕЛ РЕЈТИНГОТ НА „РЕЈТИНГ“ СО ТЕНДЕРИ ОД НАД 900.000 ЕВРА Спасов сега го отплаќа долгот со лаги и измислици, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Па сосема логично е денес истата оваа агенција Рејтинг, која беше добро исплатена преку милионски тендери од власта, да мисли дека ќе и се оддолжи на СДСМ преку опозицијата. Но, залудни се обидите преку низок ПР, СДСМ да се надева дека ќе успее да го поткрене сопственото реноме, истакнува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

930

Наместо грижа за сопствената катастрофа, СДСM со наталожени лаги и измислици сакаат да ги манипулираат граѓаните преку скапо платениот пи-ар. Додека ја уништуваа државата, агенцијата Рејтинг, во сопственост на Никола Спасов во периодот додека СДСМ беше власт оваа агенција има добиено тендери во вкупна вредност од над 900.000 евра, посочи портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева на денешната шрес-конференција.

– Во 2020-та, година од Град Скопје, Рејтинг на Спасов добила над 16.000 евра, но исто така и 4.500 евра од Општина Карпош. Во 2021-ва од Општина Охрид, добил 15.000 евра, сите тендери во период кога градоначалници се од редовите на СДСМ. Истата година, Рејтинг на Спасов добила 60.000 евра од Министерството за здравство, предводено од неговиот сегашен шеф, Венко Филипче. Понатаму, во истата година, во месец август Спасов, од Владата добил тендер вреден цели 300.000 евра. Во 2022-рата година пак исто од Владата добил над 420.000 евра, за промоција на македонското вино во Белград. Истата година во декември, Спасов добил тендер од 50.000 евра од Министерството за финансии и уште еден од 100.000 од Министерството за надворешни работи – соопшти Митева.






Во 2023-та година, Спасов станал сопственик на нова компанија за производство на електрична енергија „Гама Солар“, а само после три дена Регулаторна комисија за енергетика, со одлука одобри и лиценца за изградба на фотоцентрала, под име „Гама Солар1“.

– Заради ваквото бесрамно трошење на народните средства, немаше пари за граѓаните, немаше пари за земјоделците, немаше пари за стопанството. Додека агенцијата Рејтинг си измислуваше фестивали за дебели хонорари, народот тонеше во сиромаштија.

Па сосема логично е денес истата оваа агенција Рејтинг, која беше добро исплатена преку милионски тендери од власта, да мисли дека ќе и се оддолжи на СДСМ преку опозицијата. Но, залудни се обидите преку низок ПР, СДСМ да се надева дека ќе успее да го поткрене сопственото реноме. Филипче мисли дека со креирани лаги ќе избега од одговори за сите катастрофи изминативе 7 години, но одговори и одговорност кора да има! – истакна Марија Митева.

Поврзани содржини