„СДСМ ГО БРАНИ ВНУЧЕТО НА АЛИ АХМЕТИ“ Претходната власт ќе го уапсеше Јанушев ако правеше нешто нелегално, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
Вистината е дека СДСМ со лагите против Јанушев и против Тошковски се стави во одбрана на Ахмети и на ДУИ, и тоа веднаш по кривичната пријава за Дрин Ахмети која ја поднесе МВР, соопштува партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако тврдењето на СДСМ дека наводната шема за имот на Јанушев датирала уште од 2010 година, кога тој беше Директор на ЈСП, е точно, вистинското прашање е што правеле СДСМ и ДУИ цели 7 години власт“.
Ова го пишува во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Во тие 7 години беа политички апсени луѓе за погрешно ставен потпис, ако постоело што било незаконско, сигурно Јанушев ќе одговарал десеткратно за истото.
Вистината е дека СДСМ со лагите против Јанушев и против Тошковски се стави во одбрана на Ахмети и на ДУИ, и тоа веднаш по кривичната пријава за Дрин Ахмети која ја поднесе МВР. СДСМ веднаш тргна во одбрана на внучето на Ахмети без размислување.
Чаршав соопштенијата на СДСМ, полни со лаги, се јорган планина политика, за заштита на внучето на Ахмети. За илустрација, наспроти грлатите чаршав соопштенија на СДСМ, само 1 лојалист и 1 фракционер беа пријавени за збор на седницата за нови заменици министри.
За милионите евра што ги зема пи-ар куќата на Спасов, која ги работи комуникациите на СДСМ, ова е тешка катастрофа“, додава партијата во соопштението.