„СДСМ ГО БРАНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТЕПАЧ“ Манасиевски го повикува Обвинителството да го расчисти случајот

Го повикуваме Јавното обвинителство (ЈО) да го испита случајот и да се утврди одговорност. Доста е од локални шерифи кои работат за сопствени интереси. Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат праведност, одговорност и домаќинско водење на општината, а не тепач.

488

СДСМ застана во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој наместо да работи за граѓаните ја злоупотребува службената положба и овластување, обвини Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција.

„Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, кој во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесува како шериф и тепа припадник на МВР, за случај во којшто е осуден и прогласен за виновен, сега во работно време ја злоупотребува својата службена положба и овластување.






Луѓето се менуваат но матрицата на СДСМ, не се менува. Шерифот од Крива Паланка, освен што ги тепа своите граѓани, особено полициските службеници, ја злоупотребува и својата службена должност и мисли дека тоа ќе помине неказнето, бидејќи по навика во време на владеење на СДСМ, членови и блиски лица до СДСМ, не беа ниту казнувани, ниту пак повикувани на разговор.

Имено, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски се здоби со кривична пријава поради тоа што не извршил должен надзор и контрола на издадено решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко и со тоа, ја злоупотребил својата службена положба и овластување.

Покрај него, кривична пријава има до уште две лица, кои спротивно на законите и своите работни задачи и обврски, изготвиле промена на инвеститор иако рокот изминал и не извршиле должен надзор и решението го одобриле како важечко.

Почитувани,

Ова е доказ за тоа како СДСМ функционира во општините кои ги водат нивни членови. Кога се на работа, ја злоупотребуваат службената должност, а кога не се, глумат шерифи и во алкохолизирана состојба ги тепаат своите сограѓани.

Го повикуваме Јавното обвинителство (ЈО) да го испита случајот и да се утврди одговорност. Доста е од локални шерифи кои работат за сопствени интереси. Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат праведност, одговорност и домаќинско водење на општината, а не тепач“, соопшти Манасиевски.

Поврзани содржини