СДСМ ГИ ШТИТИ СВОИТЕ КРИМИНАЛЦИ Да престане политичкиот притисок на СДСМ врз судството, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Власта на СДСМ беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ продолжува да ги штити криминалците во сопствените редови, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската партија која ја оцени кривичната постапка против 5 лица меѓу кои и поранешниот заменик-министер за земјоделство од СДСМ, Трајан Димковски, за политички прогон.
„СДСМ да не ја замајува јавноста, време е да ги тргнат рацете од институциите и да ги остават судските органи да работат исклучиво по тоа како што налага законот. СДСМ се нервозни поради тоа што се открива криминалот од нивното раководење на државата, кое ги уништи институциите и ја опустоши економијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ треба да знае дека законот мора да се почитува, а политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем, се додава во соопштението.
„Власта на СДСМ беше одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев. Судиите избрани во Зајас и во Струмица ја спроведоа современата инквизиција по нарачка на Заев. Судиите и обвинителите измеќари на Заев и Ахмети се виновни за довербата во судството од само 2 проценти. Институциите мора да профункционираат а законот да важи еднакво за сите. Време е правото и правдата да профункционираат во државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ денеска обвини дека со политички монтирани случаи власта дефокусира „откако беша фатена во корупција со ИПАРД“.
„Очекуваме судските органи да го следат исклучиво словото на законот и во целост да ги отфрлат овие неосновани и монтирани пријави за Димовски. Станува збор за класичен политички прогон, без правна основа и обид за замолчување на СДСМ“, соопшти партијата.