СДСМ ГИ САБОТИРА РЕФОРМИТЕ ВО СУДСТВОТО СО ПРАЗНА ДЕМАГОГИЈА Министерството за правда жестоко против партиските пресметки и пазарења

Ресорот ги демантира тврдењата на СДСМ дека владата одбива соработка со опозицијата за реформската агенда.

228

СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните на Република Македонија, се вели во одговорот на Министерството за правда на денешната прес-конференција на потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска.

„Очекувавме поконструкти вен пристап, не заради нас, туку во интерес на доброто на државата. Но, досега, освен саботажа на дневнополитичка основа, ништо друго не видовме. Се надевам дека ќе успеат да се надминат себеси и, во интерес на граѓаните, ќе се обидат да бидат покооперативни во иднина.






Ние, како Министерство за правда, остануваме посветени на реформите – не во интерес на поединци или тесни групи, туку затоа што тоа им го должиме на граѓаните. Се надевам дека еден ден и СДСМ ќе успее да го види тоа.

Но, самиот факт дека „предводникот“ на работната група на СДСМ за реформи во правосудството е политиколог, а не правник, неспорно укажува дека станува збор за чисто политички забелешки и празна демагогија, а не за правно издржани ставови. Работата на Министерството, како и досега, останува отворена и транспарентна за сите.

Токму критиките упатени кон Законот за Судскиот совет укажуваат на чисто дневно политиканство и празна фразеологија во дадената изјава. Законот е резултат на темелна анализа и повеќемесечна стручна работа, земајќи ги предвид препораките од оценската мисија, коментарите од Венецијанската комисија, сè со цел да се обезбеди независност на судството и заштита на правната држава.

Во текот на работата, изминатите месеци беа разгледани бројни коментари од политичките партии, вклучувајќи ги и тие на СДСМ – иако беа доставени крајно задоцнето – како и коментари од заинтересирани граѓани и бројни правни експерти. Никој нема да дозволи политички договори и мешање во судските институции.

Во однос на критиките за Законот за јавното обвинителство, укажуваме дека во текстот објавен на ЕНЕР имплементирани се сите препораки од реформската агенда. Дополнително, Законот, заедно со Законот за Советот на јавните обвинители, ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија пред нивното финализирање и процесуирање во Владина постапка.

Го повикуваме СДСМ да престане со саботажите и да застане на страната на државните интереси, а не на партиските пресметки. Судството не смее да биде полигон за политички пазарења, туку независна гранка на власт која ќе обезбедува правда за сите граѓани.

Тврдењата дека одбиваме соработка се лага, а обидите за блокада на реформите се обиди на СДСМ да го спречат напредокот поради сопствени партиски интереси“. велат од Министерството за правда.

Потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска денеска на прес-конференција алармираше дека власта покажува отсуство на свест за неопходноста од итно спроведување на реформската агенда, особено кога станува збор за судски реформи, што директно ја компромитира нашата европска перспектива.

Главна замерка упати до Министерството за правда, за кое рече дека како клучен ресор за судски реформи, одбива соработка, игнорира експертиза и системски ја поткопува правната држава.

Поврзани содржини