СДСМ ги обзнани кандидатите за градоначалници, Шилегов пак ќе трча за Скопје

За Арачиново повторно е кандидирана актуелната градоначалничка Миликије Халими, за Бутел Велимир Смилевски, за Богданци Блаже Шапов, за Валандово Перо Костадинов, за Босилово Зоран Зимбаков.

1,465

Лидерот на СДСМ  Зоран Заев вечерва ги обелодени имињата на првите триесет кандидати за градоначалници на престојните локални избори кои беа утврдени на седница на извршниот одбор на партијата.

Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Скопје повторно ќе влезе во трката за татко на главниот град.






Поднесени биле 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 за советници.

– Пресудни за одлуките беа анкетите од граѓаните за овие 30 општини. Сите овие кандидати за градоначалнички и градоначалници кои ги објавуваме во оваа прва фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни со конкретни планови и решенија. Нема поголема чест и обрска да им се служи на своите граѓани. СДСМ тоа во овие изминати години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави уште подобро и во иднина – изјави Заев.

За Арачиново повторно е кандидирана актуелната градоначалничка Миликие Халими, за Бутел Велимир Смилевски, за Богданци Блаже Шапов, за Валандово Перо Костадинов, за Босилово Зоран Зимбаков.

Во Вевчани во трката ќе влезе Сашо Јанкоски,  Виница Ивица Димитров,  Градско Роберт Бешовски, Делчево Горан Трајковски.

За Демир Капија битка ќе бие Лазар Петров, за Дојран Анго Ангов, за Зелениково Борче Гиевски, за Карабинци Јордан Насев, за Кисела Вода Филип Темелковски, за Конче Благој Илиев, Маријан Јанев Василево.

Кандидат на СДСМ за градоначалник на Крушево е Томе Христоски, за Маврово Медат Куртовски, за Лозово Ацо Велковски, Новаци Љубе Кузманоски, Охрид Константин Георгиевски. За Ресен кандидат е Живко Гошаревски, Стојан Николов – Росоман, Жаклина Јовановска – Старо Нагоричане, Горан Стојановски – Чашка, Сашко Николов – Штип, Елизабета Зелениковска – Петровец.

Заев најави дека во август ќе ги објават сите кандидати, дел на почетокот, дел од крајот на месецот.

Локалните избори треба да се одржат во втората половина на октомври.

 

 

 

Поврзани содржини