СДСМ ГИ НАРЕЧЕ ГРАЃАНИТЕ „БУДАЛИ“ Остра реакција на ВМРО-ДПМНЕ по навредата од опозицијата
Таму владеат децата на Заев, а пак Филипче не ја игра ниту улогата на статист. Затоа СДСМ има рејтинг кој е на ниво на стратистичка грешка, и 4 до 5 пати помал споредено со ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ остро ја осуди изјава на СДСМ во која, како што тврдат, македонските граѓани се наречени „будали“. Во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ оваа изјава ја нарече тешка навреда и ја смета за отслик на внатрешната криза и безидејност во СДСМ.
„Ваквата тешка навреда изречена од некогаш сериозната партија СДСМ е само отсликување на состојбите внатре во партијата и нивната тотална безидејност. Внатре наместо разумот владее интересот за спас и бегство од одговорност од криминалите. Не е ни чудно што 30 посто според најновите анкети незнаат кој е лидер на СДСМ. Таму владеат децата на Заев, а пак Филипче не ја игра ниту улогата на статист. Затоа СДСМ има рејтинг кој е на ниво на стратистичка грешка, и 4 до 5 пати помал споредено со ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата на Христијан Мицкоски посочува дека нискиот рејтинг на СДСМ и фактот што многумина не го знаат нивниот лидер се доказ за длабоката криза во која се наоѓаат.
„СДСМ ликува и се радува што Македонија на патот кон ЕУ ја раздвоија од Албанија и тоа е нивната најголема награда и успех за работењето против својата држава. Откако го искрадоа народот сега го навредуваат дека е будала“, се додава во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ итно да ја повлече изјавата и јавно да се извине на граѓаните.