СДСМ ГИ ИСПУШТА ПОСЛЕДНИТЕ КРИЦИ ЗА ОПСТАНОК Во безбедносните служби сега доаѓаат професионални кадри

СДСМ можат колку сакаат да испуштаат последни крици за опстанок и за спас на нивните партиски послушници кои се огрешиле пред законот во периодот на нивно седумгодишно владеење, но ќе има професионализација на целокупниот државен апарат, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.

743

СДСМ е симбол на лаги, манипулации и партизирање на државата и на институциите на системот. СДСМ се симбол на злоупотреба на државните ресурси за партиски цели, а државните институции, вклучувајќи ги и безбедносните структури, ги претвори во партиски штабови, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштение на СДСМ во врска со директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.

„Фактите велат дека поранешниот директор на една од најклучните безбедносни институции, Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, бил дел од сите високи партиски структури. Димовски беше член на Извршниот одбор и на Дипломатскиот совет на СДСМ, а истиот учествувал и на јавни партиски дебати. СДСМ можат колку сакаат да испуштаат последни крици за опстанок и за спас на нивните партиски послушници кои се огрешиле пред законот во периодот на нивно седумгодишно владеење, но ќе има професионализација на целокупниот државен апарат“, соопшти партијата ВМРО-ДПМНЕ.






Токму тоа го боли СДСМ, пишува во соопштението, што конечно како во сите институции, така и во безбедносните, доаѓаат професионални, стручни и компетентни кадри. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на професионализмот и интегритетот во безбедносните служби кои ќе работат за заштита на државните интереси.

Претходно, во соопштение на партијата СДСМ беше изразен сомнеж дека новоназначениот директор на АНБ, Бојан Христовски, ги исполнува законските услови да биде на таква висока позиција.

 

Поврзани содржини