Системот за ширење лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно метастазира и на централно и на локално ниво. ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и конструкции кои немаат врска со реалноста. Фактите говорат дека компанијата „Де лукс“ ДОО Штип ниту аплицирала, ниту добила тендер од Општина Штип додека градоначалник бил Благој Бочварски, реагира СДСМ на обвинувањата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
– Очајното ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Христијан Мицкоски е сериозно исплашено од извесниот пораз на предвремените локални озбори во Штип и затоа го прави единствено она што го знае – шири лажни вести и невистини. Доделување тендери по роднински линии, преземање на цели бизниси од страна на „фамилијата“ беа одлика на 11 години режимско и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија и ден денес не може да излезе од таквата матрица, затоа се опозиција, затоа губат три изборни циклуси и затоа ќе изгубат и на локалните избори во Штип – велат од СДСМ.