СДСМ ФАБРИКА ЗА КЛЕВЕТИ Некогаш измислуваа бугарски летоци, сега измислуваат таен план за лажни анкети и лажни вести

„Документите на СДС се целосно измислени, следува тужба за клевета, очајнички лажат и манипулираат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинуивањата од СДСМ дека опозициската партија имала оперативен план за објавување лажни анкети и за ширење лажни вести.

989

ВМРО-ДПМНЕ најостро и изрично ги демантира информациите првично објавени во еден медиум, а потоа истите лаги дополнети од СДСМ, дека постоел „оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести“.

Во демантот на ВМРО-ДПМНЕ се вели:






„Не постои документ подготвен од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на изборниот процес, како што се наведува во емисијата на Фуркан Салиу и потоа прераскажани од СДСМ.

Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДСМ е нормално да го згрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски, веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста.

Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДСМ, кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз“.

Откако синоќа новинарот Фуркан Салиу објави сторија за постоење „оперативен план, меѓу другото и за креирање на лажни вести“, утрово со наводни документи излезе и владејачката СДСМ. Според клеветничките обнвинувања, задолжен за тоа, освен шефот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галевски, бил и Владимир Божиновски, сопственик на Агенцијата ИПИС, која од 31 јануари па до денес прави анкети за МТВ.

На ова, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа:

„На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето.

Поминува времето кога Ковачевски може шеретски да седи на влада и да одлучува кој што ќе прави. Да потсетиме, на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од 1 евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош. Бараме СДСМ да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета“.

Поврзани содржини