СДСМ Е ЗАТВОРЕН ЕЛИТЕН КЛУБ ШТО ИСЕЗНУВА ПОД МЕНТОРСТВО НА ЗАЕВ Нема ем јахти, ем гласови, Филипче да поднесе оставка, бара ВМРО-ДПМНЕ

За здрав демократски систем потребно е СДСМ да се ослободи од менторството на Заев и од штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. Македонија има потреба од силна, чесна и одговорна опозиција, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

364

Филипче ја уништи СДСM под диктат на Заев, партијата е на работ на исчезнување, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ, која бара оставка од претседателот и реформи за СДСМ конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција.

„Венко Филипче е синоним за пропаста на СДСМ, по историскиот пораз на СДСМ каде партијата доживеа најтежок изборен дебакл и ја изгуби доминантната опозициска позиција, по што стана петта сила во Скопје, а трета на државно ниво. Одговорноста за дебаклот на СДСМ има име и презиме, Венко Филипче, кој како лидер на СДСМ под менторство на Зоран Заев ја доведе партијата до раб на исчезнување на политичкиот спектар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Венко Филипче, се додава, наместо да го релативизира и минимизира поразот треба да си поднесе оставка.

„Под водство на Филипче кој делува како продолжена рака на Заев, СДСМ наместо за промени и реформи стана синоним за расипништво, каде тандемот Филипче и Заев се луксузира на скапи одмори, јахти, поседува милионски имоти и инвестира во Дубаи. Со само 126.000 гласа и 6 општини СДСМ доживеа потоп. Народот ги казни ароганцијата, расипништвото и лажниот морал. СДСМ заборави на реалните проблеми на граѓаните, партијата се оддалечи од народот и стана затворен елитен клуб кој мисли само на личните привилегии“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е сè уште под диктат на Заев, се додава во соопштението.

„Филипче не се дистанцира од штетните политики на Заев, наместо реформи во СДСМ се прават козметички потези и се штити раководството. Итна оставка на Филипче и длабоки внатрешни реформи се единствениот начин СДСМ да преживее на политичката сцена. За здрав демократски систем потребно е СДСМ да се ослободи од менторството на Заев и од штетните политики на Филипче за конечно да стане конструктивна и одговорна опозиција. Македонија има потреба од силна, чесна и одговорна опозиција“, порачува ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДСМ тонат во хаос и лични пресметки, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на народот, на реформите и на иднината на Македонија, се додава во соопштението на владејачката партија.

Поврзани содржини