СДСМ Е ЗАРОБЕНА ПАРТИЈА, КРЕИРА ПРИКАЗНИ ЗА МИГРАНТИ Сè повеќе членови бараат пристапница во ЗНАМ

Една невидена рашомонијада, но нивна работа, само се потврдуваа онаа теза што ја зборувам подолг временски период. Не зборувам за членовите на СДСМ, зборувам за раководството. Во членството има прекрасни луѓе, не добиваат и никогаш нема да добијат шанса бидејќи ова е едно акционерско друштво. Ако во минатото беше 50/50 на релација Заев - Филипче, сега е 70/30 во акционерскиот удел во однос на Заев - Филипче. Тоа е нивна работа, нека тераат, вели лидерот на Движењето ЗНАМ во ТВ гостување.

118

СДСМ е заробена партија, функционира по принцип на должничко-доверителски односи и таму има луѓе против кои се водат сериозни кривични постапки во моментов, дополнително и поранешниот и актуелниот лидер исто така, вели во гостување на Сител лидерот на движењето ЗНАМ Максим Димитревски.

– Нема ништо ново, нема нова идеја. Сите наводно нивни конструктивни политики како опозиција се апсолутно неконструктивни. Креираат фиктивни сценарија, одредени заговори во јавноста, како со мигрантските кампови, тиа се само обиди да се избега од актуелните политички теми, како Законот за судскиот совет, со кој ќе се оневозможи да имаме вакво судство какво што го имаме – приватизирано или пристрасно судство. Потребна е правда и оваа власт ќе го испорача тоа.






За новото раководство на СДСМ, Димитриевски вели „далеку од тоа да е ново“.

– Една невидена рашомонијада, но нивна работа, само се потврдуваа онаа теза што ја зборувам подолг временски период. Не зборувам за членовите на СДСМ, зборувам за раководството. Во членството има прекрасни луѓе, не добиваат и никогаш нема да добијат шанса бидејќи ова е едно акционерско друштво. Ако во минатото беше 50/50 на релација Заев – Филипче, сега е 70/30 во акционерскиот удел во однос на Заев – Филипче. Тоа е нивна работа, нека тераат – рече Димитриевски.

Тој додаде дека сè поголем број членови на СДСМ бараат пристапница во ЗНАМ и „нашите врати се отворени, особено за вистинските социјалдемократи“. Според него, „СДСМ оди надолу и ова раководство ќе му прогласи стечај“.

На прашањето дали ќе има или ќе нема предвремени избори тоа на ЗНАМ му одговара од секој аспект.

– Ние повторно ќе се провериме каде сме на политичката сцена. На Македонија и е потребна политичка стабилност и еден период каде треба да се испорача кон граѓаните.

За последниот извештај на ЕУ и дека нема напредок во правосудството, претседателот на ЗНАМ се осврна на вчерашната оставка на јавниот обвинител и рече дека „не можете со сила како извршна власт да се мешате во работата на независната судска или обвинителска власт“.

– Ете тргнаа некои процеси. Му беше оставено шанса на јавниот обвинител, за жал не ја оправда довербата. Мислењето во јавноста за таа независна власт во државата е таква. Министерот не може да оди по ходници и лично да ги разрешува судиите, туку треба да се донесат законски решенија кои ќе дадат можност на вистинските професионалци, да се одважат и да влезат во процесот на промени преку еден нов состав на Републички судски совет и во Советот за јавни обвинители – вели Димитриевски.

Тој истакна дека веќе одржале конгрес и оти е задоволен од работата на своите кадри. Вели дека разговараат со премиерот, кој има апсолутно право како мандатар да предлага нови имиња за ресори од кои не е задоволен во нивното работење, тоа ги опфаќа и кадрите на ЗНАМ.

– За носењето мигранти во земјава, Димитриевски вели дека за ова е разговорано во владината коалиција и никогаш не е отворено прашањето за отворање мигрантски кампови зошто Македонија нема таков капацитет. – Нам ни се потребни станови за млади брачни парови во Македонија, а не станови за мигранти – рече Димитриевски, кој потенцира дека нема простор за отворање мигрантски кампови во Македонија.

Поврзани содржини