СДСМ ЌЕ ПРЕДЛОЖИ НАДЗОРНА РАСПРАВА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ Филипче ги повика сите пратеници да го поддржат предлогот

Ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија, објави Венко Филипче на Фејсбук.

28

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и за формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и за формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања. На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија“, објави Филипче на Фејсбук.






Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание, додаде тој.

 

Поврзани содржини