СДСМ ЌЕ ПОБЕДИ НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ Кузеска убедена во добар резултат, бидејќи граѓаните во нив ја гледаат европската иднина
Портпаролката Кузеска вели дека ДПМНЕ наутро праќа соопштенија за Левица тврдејќи дека се Хамасм а Мицкоски навечер вели дека ќе коалицира со Левица, дека ќе се договара со нив за вредностите, кои се тие вредности?
Граѓаните се мудри и многу добро знаат дека со СДСМ државата е безбедна, стабилна и носи предвидливост и европска иднина. Тоа е можно само со СДСМ и тоа и времето го покажа, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во дебата на Само вистина на Канал 5 Телевизија.
– СДСМ ќе победи на изборите во 2024 година. Граѓаните сакаат европска иднина. СДСМ има коалициски капацитет и ќе биде во коалиција со сите партии кои го поддржуваат европскиот фронт. Граѓаните, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, да видат единство, одлучност и посветеност да ја реализира стратешката цел за членство во ЕУ. Ние веруваме во европски вредности, секој што има демократски капацитет и што ги почитува овие европски вредности ќе биде дел од европскиот фронт – рече Кузеска.
ДПМНЕ е единствената опозициска партија којшто е спомената во негативен конткекст во Извештајот на Европската комисија како кочничар на реофрмите и европскиот пат, додаде Кузеска.
– Во 2005 година ние како држава бевме заедно со Хрватска но дојде ДПМНЕ на власт и влеговме во 11 годишна изолација. Не мрднавме ниту милиметар. Оваа година и од позиција на опозицијата ДПМНЕ го има негативно во Извештај на Европската комисија – рече Кузеска.
Се што кажа ДПМНЕ излажа и затоа треба да им се извини на граѓаните. Помина една година од усвојувањето на францускиот предлог и кој е асимилиран или бугаризиран? Никој, сите лаги потонаа во вода, додаде Кузеска во дебата на Канал 5 Телевизија.
Кузеска вели дека ДПМНЕ наутро праќа соопштенија за Левица тврдејќи дека се Хамасм а Мицкоски навечер вели дека ќе коалицира со Левица, дека ќе се договара со нив за вредностите, кои се тие вредности?
– Очаен е овој потег на Мицкоски за коалиција со Левица, тоа го покажува неговото вистинско лице на луѓе кои работат против интересот на граѓаните – рече Кузеска.
Техничка Влада сто дена пред изборите ќе има потенцираше Кузеска, посочувајќи дека за следни изборни циклуси треба да се случи нејзино укинување.
– СДСМ во изминатите години создаде соодветни демократски услови за фер избори и може да се разговара за укинување на техничката влада но за изборните циклуси во иднина. Ова на ДПМНЕ е театар – рече Кузеска на Канал 5 Телевизија.