СДСМ ЌЕ ОСВОИ 25, А ДУИ 12 ПРАТЕНИЦИ Димовски е сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и на претседателските избори
Овој пат е различна ситуацијата, овие избори Албанците ќе имаат поголема излезност. Треба да видиме дали гласачкото тело на Алијанса сака да ја одржи на власт ДУИ или не. Гледаме дека дури и струшкото крило што му беа најблиски на Села, сега се за Таравари. Изгледен ми е резултатот во Алијанса за Албанците. ДУИ му врши работа на Села, но ги затвораат вратите кон другите од Алијанса, изјави вечерва Илија Димовски при гостувањето на Канал 5.
– Од друг аспект, одењето на претседателски избори одвоено, кандидатот меѓу ВМРО-ДПМНЕ во споредба на кандидатот за претседател на СДСМ и тоа најмалку 120 илјади гласови предност на опозицијата, а тоа ќе постигне ефект на лавина и на парламентарните избори кои ќе се одржат две недели подоцна. Мислам дека ДУИ ќе има 12, а СДСМ не повеќе од 25 пратеници на изборите – додаде Димовски.
Тој вели дека според анкетите, разликата меѓу ДУИ и Левица е од 1% до 1,5% и оттуга, важна ќе биде бројката на гласови што ќе ја освојат малите партии,
– Левица и ЗНАМ сигурно ќе освојат значителен резултат на изборите – истакна Димовски.