СДСМ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ РЕСТРИКЦИИ НА СТРУЈА Ковачки го повикува Заев на избори ВИДЕО
Хидро акумулациите се испразнети, во РЕК Битола нема јаглен, а багерот за ископ е во вода. ТЕЦ Неготино нема мазут, ниту се знае кога и како ќе почне да работи. СДСМ не доведе до оваа криза и тие не можат да бидат решение - рече Ковачки.
Зоран Заев ја заглави државата во систематска криза, енергетска, здравствена и економска. Зоран Заев и владата се причината за сите неуспеси кои ни се случуваат изминативе години, рече на денешната прес конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
– Тие не може да бидат решение, 7.000 луѓе починаа од најголема смртност во Европа, 14 луѓе живи ни изгореа, вакцини немавме, над 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, Македонија е на врвот на листата по перцепција за корупција на Транспаренси. Државата тоне со СДСМ. Народот на изборите во недела јасно се изјасни за промени, и во огромен број ја даде својата поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Народот избра нов правец, и таквата негова волја најдобро ќе се ефектуира со нова прераспределба на силите во Собранието, преку нови предвремени избори и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ – рече Ковачки.
Тој смета дека брзи предвремени избори се неопходни заради решавање на енергетската криза од страна на компетенти луѓе и спречување на евентуални рестрикции на струја кои се можни со Социјалдемократскиот сојуз.
– Прашањето веќе не е дали цената на струјата ќе поскапи, туку колку. Поскапувањето на цената на струјата ќе значи и ценовен шок кој ќе се прелее и врз останатите производи во малопродажба, а сето ова ќе значи зголемена инфлација, намален стандард и зголемена сиромаштија. Хидро акумулациите се испразнети, во РЕК Битола нема јаглен, а багерот за ископ е во вода. ТЕЦ Неготино нема мазут, ниту се знае кога и како ќе почне да работи. СДСМ не доведе до оваа криза и тие не можат да бидат решение – рече Ковачки.
Тој вели дека само со нови избори волјата на граѓаните ќе биде пресликана и во Собранието и само така ќе имаме стабилна влада според волјата на народот. Влада која ќе ја водат стручни и компетентни луѓе, кои знаат како да ја кренат Македонија на нозе.
– Порака и до Заев, ако си верува во веселите математики со кои што се теши, ајде Заев на избори – рече Ковачки.