📊 СДСМ Е НА ЧЕТВРТОТО МЕСТО ПО БРОЈ НА ОСВОЕНИ ГЛАСОВИ Партијата на Ковачевски засега тешко до 20 пратеници
Неофицијално, според партиски извори од ВМРО-ДПМНЕ, според резултатите во моментов, ВМРО-ДПМНЕ би имала 63 освоени мандати, СДСМ би имала 18, ДУИ би имала 16, Вреди - 13, Левица и ЗНАМ по 5 пратеници.
По обработени 40% од гласовите за парламентарните избори, ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа осамена на врвот со освоени 153.000 гласови, а на второто и на третото место се наоѓаат коалицијата Европски фронт со освоени 67.959 гласови и Коалицијата Вреди со освоени 57.648 гласови.
Интересно е тоа што партијата СДСМ во моментов се наоѓа на четвртото место со освоени 51.000 гласови, а веднаш зад неа се Левица и ЗНАМ.