СДСМ Е ИСПЛАШЕН ЗАШТО СЕ ДОЗНА ДЕКА ЛАЖЕ ЗА МИГРАНТИТЕ Партијата е жртва на сопствената пропаганда, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Резолуцијата е уставна, а СДСМ е исплашен зашто се дозна дека лажат за мигранти, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

5

Не е Резолуцијата неуставна, туку СДСМ е исплашен зашто се дозна дека лажат за мигранти, реагира и денеска владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од опозицијата дека постои таен договор за прифаќање на мигранти меѓу Македонија и Велика Британија.

„Мигранти не само што нема, туку СДСМ стана жртва на сопствената пропаганда“, реагра ВМРО-ДПМНЕ.






СДСМ и денеска пушта соопштенија со кои ја обвинува власта дека Резолуцијата е „опасно сценарио со кое се удира директно врз демократијата, слободата на говор и уставниот поредок на државата“.

„Со закани за кривична одговорност и судски прогон, власта се обидува да ја спречи секоја јавна дебата за една голема и важна тема, за договор за кој граѓаните веќе подолго време слушаат од британските медиуми, а секојдневно читаат за докази во Македонија“, соопшти денеска СДСМ.

Поврзани содржини