СДСМ ЌЕ ГО ИСКЛУЧИ ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ ОД ПАРТИЈАТА Извршниот одбор донесе одлука

Шилегов е уценет и одработува за ВМРО-ДПМНЕ, која толку падна што единствената опција ѝ остана обидот да го урне СДСМ одвнатре, се вели во соопштението на СДСМ.

194

Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ, соопшти партијата.

„Шилегов е уценет и одработува за ВМРО-ДПМНЕ. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап”. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре“, се вели во соопштението на СДСМ.






Сега на сите им е јасно, се додава, дека станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“.

Минатата година СДСМ го исклучи од членство поранешниот потпретседател Јован Деспотовски, со образложение дека дејствува против интересите на партијата и дека соработува со политички структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и до ЗНАМ.

Партијата пред 4 месеци го исклучи и членот на Советот на Општина Карпош, РадославТрошановски, „поради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата“.

Поврзани содржини