СДСМ ќе го бира лидерот на внатрепартиски избори
Целиот процес ќе се води од најмалите организациони единици на СДСМ, од Месните организации, па се до најголемите единици и највисоките партиски органи, преку транспарентна постапка, информираат од СДСМ.
Централниот одбор на СДСМ одлучи оваа година, претседателот на партијата да го избира на непосредни избори, со можност за одлучување, гласање на секој член, соопштоија од партијата.
СДСМ, како што е соопштено, започнува постапка за ажурирање на базата на податоци и регистрација на членовите на СДСМ.
„Целиот процес ќе се води од најмалите организациони единици на СДСМ, од Месните организации, па се до најголемите единици и највисоките партиски органи, преку транспарентна постапка“, информираат од СДСМ.
Централниот одбор донел и Кодекс за однесување на членовите и функционерите на СДСМ.
„Врз основа на компаративни и внатрепартиски анализи, со помош на американскиот меѓународен институти ИРИ, усевоен е Кодекс со кој се воведуваат највисоките начела и стандарди за однесување на членовите на СДСМ, особено за носителите на јавни функции.Како одговорна партија даваме конкретен придонес, преку одговорен мерит систем, за почитување на нормите и владеењето на правото, како и стандардите за етичко, одговорно, отчетно, професионално и транспратентно однесување и работење“ додаваат од СДСМ.
Централниот одбор донел одлука и за формирање на Форум на пензионери на СДСМ, а усвоил и Правилник за организација и начин на функционирање на овој Форум.
„На овој начин СДСМ ги мотивира највозрасните членови да ги искористистат нивните капацитети и искуство во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите и на сите граѓани“, соопштија од СДСМ.