СДСМ ДОНЕСE НАД 500.000 ГРАЃАНИ НА ПРОСЈАЧКИ СТАП Претходната власт го зголеми ДДВ, што директно ги крена цените на производите

Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, презема конкретни мерки како ограничување на профитната маржа и производни кошнички во кои се најдоа над 1.000 производи со намалени продажни цени, а продолжија и контролите на терен за да се види како овие мерки се спроведуваат, се вели во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во кое партијата ги демантира обвинувањата на опозициската СДСМ дека стандардот паднал откако партијата ВМРО-ДПМНЕ дошла на власт.

1,205

„СДСM се тие кои го осиромашија народот. СДСМ се тие кои што, наместо да се грижат за граѓаните, единствено се грижеа за збогатување на нивната, така наречена елита која профитираше милиони преку матни тендери, договорени во четири очи“.

Ова се наведува во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на обвинувањата на партијата СДСМ дека животниот стандард на граѓаните се намалува поради лошите политики на владејачката партија.






„СДСМ се тие коишто во време на нивното 7-годишно владеење донесоа над 500.000 македонски граѓани пред прагот сиромаштија и на просјачки стап, со по 150 денари на ден. СДСМ се тие кои што од позиција на власт го зголемија ДДВ за прехранбените производи, што директно придонесе за зголемување на цените. СДСМ се тие коишто ја уништија македонската економија, доделувајќи им финансиска поддршка на фирми блиски до нив, а вистинските стопанственици беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат со предизвиците од економската и од енергетската криза. Тоа доведе и до директно намалување на животниот стандард на граѓаните“, се потенцира во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од СДСМ, се додава во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ покажува грижа за македонските граѓани и работи на одржлив начин да го подобри животниот стандард на граѓаните.

„Во првите 6 месеци од преземањето на одговорноста да ја води Владата, го запре слободниот пад на економијата и годинава веќе ќе се работи на нејзино заживување. Странските директни инвестиции, кои се директно поврзани со развојот на економија и со животниот стандард на граѓаните, за првпат по долги години се историски на највисоко ниво од околу милијарда евра. Се зголемија пензиите и платите во многу области како здравството и образованието, а истите ќе продолжат да се зголемуваат и годинава, нешто што ќе продолжи до крајот на четиригодишниот мандат. Во однос на зголемувањето на цените на производите, Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, презема конкретни мерки како ограничување на профитната маржа и производни кошнички во кои се најдоа над 1.000 производи со намалени продажни цени, а продолжија и контролите на терен за да се види како овие мерки се спроведуваат“, се вели во соопштението на партијата.

Претходно, партијата СДСМ ја обвини Владата за намалувањето на стандардот на живеење.

„Последните податоци на Државниот завод за статистика покажаа дека инфлацијата во декември лани, во однос на истиот месец во 2023 година, е зголемена за 4,4%, трошоците на живот се зголемиле за 3,5%, а цените на мало за близу 4%. Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, животниот стандард на граѓаните се намалува, власта се грижи за елитата и за нивните бизнис партнери, а народот е оставен сам на себе“, се наведува во соопштението на партијата СДСМ.

Дури и последните најави од власта, за некакви контроли за наводно намалување на цените во маркетите, се покажуваат како уште една голема лага, се додава во соопшението.

„СДСМ има детални информации од теренот. Во маркетите реалноста е дека само кај млекото има симболично намалување од неколку денари, додека, пак, кај другите производи нема никакво намалување. Зејтинот сѐ уште е со поскапената цена и се движи од 89 до 96 денари, а во некои маркети иако се продаваше за 82 денари пред 2 месеци.
Јајцата се повторно околу 100 денари, а чинеа 75 денари. Шеќерот и кашкавалот се со поскапени цени, но и леќата (169 денари), гравот (143 денари), оризот (135 денари), грашокот.
Кај оние производи, кои имаат иста цена, пак, забележано е намалување на грамажата. Ова е суровата реалност која секојденевно ја гледаат граѓаните во продавниците, додека се мачат како да врзат крај со крај, како да го поминат месецот, што ќе имаат на масата семејствата за јадење. Политиките на власта со така наречените „кошнички” доживеа дебакл. Наместо намалување на цените и достапни производи, дестина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци. Власта дозволи буквално грабеж.
Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност и во поголема сиромаштија“, се вели претходно во соопштението на СДСМ.

Поврзани содржини