СДСМ ДЕНЕСКА ГЛАСА ЗА НАСЛЕДНИК НА ЗАЕВ Ќе гласаат 51.228 членови, а во игра се тројца кандидати

Гласањето на денешните вонредни избори ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 08 часот наутро, сѐ до 19 часот навечер. Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.

612

Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ на кои ќе се избира нов претседател на партијата ќе се одржат денеска, а гласањето ќе се одвива по електронски пат. Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на овие втори внатрепартиски избори.

За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ. Еден од нив ќе го заземе местото на досегашниот претседател на СДСМ Зоран Заев, кој даде оставка по неуспехот на партијата на локалните избори. Заев првпат на позицијата претседател на СДСМ беше избран во 2013 година.






Согласно Правилникот за постапката и роковникот, активно се регистрирани 51.228 членови на СДСМ, а пријави се пристигнати и по истекување на предвидените рокови.

Од овие причини, имајќи го предвид краткиот временски рок за активна регистрација, но и интересот на членовите на СДСМ, Централната изборна комисија задолжена за спроведување на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, донесе одлука да им се овозможи на сите членови кои поседуваат електронска членска картичка да може да се регистрираат на самото гласачко место и да гласаат на вонредните внатрепартиските избори.

Гласањето на денешните вонредни избори ќе се одвива на 194 избирачки места низ општинските организации ширум државата, почнувајќи од 08 часот наутро, сѐ до 19 часот навечер. Гласањето е тајно, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседатал на СДСМ кои се наоѓаат на гласачкото ливче, согласно ждрепка за утврден редослед.

Во интервју за МИА, кандидатот за лидер на СДСМ Димитар Ковачевски истакна дека партијата треба интензивно да ја спроведува европската агенда, но, како што кажа, не може да очекуваме дека ЕУ или некој друг ќе ни ги реши проблемите. Приоритет, според него, мора да е домашната политика, подигање на животниот стандард на граѓаните и јакнење на економијата.

Ковачевски верува дека со нова стратегија и реорганизација на партијата брзо ќе се врати и зголеми поддршката.

– Јас сум ослободен од внатрепартиски поделби и игри кои ги сметам за многу непродуктивни. Јас верувам дека можеме да ја вратиме поддршката веќе на следните избори, но само доколку граѓаните и членовите на СДСМ ја видат потребната промена во партијата и начинот на раководење и во Владата и во самата партија – рече тој.

Кандидатката за претседател на партијата, Фросина Ременски во интервју за МИА нагласи дека фокусот на нејзината програма е насочен кон операционализирани чекори за враќање на социјалдемократијата кон изворните корени – работничките и синдикалните движења и организации, правата на работниците, социјалната еднаквост преку враќање на законското решение за прогресивен данок, особено во време на економска, енергетска, ковид и социјална криза, кршење на „железниот закон на олигархијата“, децентрализација на партиската организација и деконцентрација на моќта и одлучувањето.

– Ќе ја свртам пирамидата наопаку. Базата ќе биде врв – врвот ќе биде основа – вели таа и ветува максимална автономија на младинските и женските организации.

Конкретна мерливост на успесите на политиките, како и фокус на луѓето, нивните практични потреби и проблеми се дел од Концептот 28, програма на кандидатот за нов лидер на СДСМ, Јован Деспотовски.

– Концепт 28 е основа за сериозна промена на начинот на практикување на политиката. Фокусот на секоја политика, на секоја влада и политичка организација стануваат луѓето, нивните практични потреби, проблеми. Доста зборуваме за ресори, за функции, за договарања, за политики што не се базираат на реални и мерливи цели. Во Концепт 28 поставуваме прецизни и мерливи резултати по кои ќе се мери учинокот на претседателот на СДСМ – вели Деспотовски во интервју за МИА.

Деспотовски вели дека доколку ја добие довербата да ја води партијата, веднаш ќе организира широка дискусија за карактерот, особините, квалитетите на идниот премиер.

– Со Концепт 28 воведуваме поголема одговорност на носителите на јавни функции. Воведуваме систем во кој кандидатите за градоначалник и пратеник ќе се бидат од членовите, а не од раководството. Така, носителите на јавни функции ќе бидат свртени кон граѓаните, а не кон лидерот. Јавните функции носат голема одговорност и оној што ќе биде избран мора да биде подготвен да се носи со истата. Нема повеќе простор за импровизации, нема „криење“ од јавноста, пријателите, соседите. Комуницираме за сите отворени прашања – рече Деспотовски.

СДСМ по вторпат годинава оди на внатрепартиски избори за лидер и тоа по само девет месеци откако, наместо на конгрес, со статутарни измени се предвиде непосредно гласање на целото членство за највисоката партиска функција.

Да не ја најавеше Зоран Заев оставката на лидерската функција, вторите внатрепартиски избори ќе требаше да се одржат во 2025 година, до кога, поради новонастанатата ситуација, веројатно ќе трае и мандатот на петтиот претседател на СДСМ кој ќе биде избран денеска.

Заев не е првиот претседател на СДСМ кој поднел оставка на функцијата. Пред него, тоа го направи Бранко Црвенковски во 2004 година, повлекувајќи се среде мандат и од лидерската и од премиерската функција, за да се кандидира за претседател на државата, а четири години подоцна од лидерското место се повлече и Радмила Шекеринска, по поразот на тогаш опозициските социјалдемократи на предвремените парламентарни избори во 2008 година.

Заев првпат беше избран за лидер на СДСМ во 2013 година, на конгрес на кој имаше двајца противкандидати, а дојде на чело на партијата од позиција на градоначалник на Струмица.

Поврзани содржини