СДСМ ДА ГО ПРАША ФИЛИПЧЕ КАКО МУ Е НА ЈАХТАТА ПРЕД ДА ЗБОРУВА ЗА СТАНДАРДОТ Сега има поголеми плати и пензии, а СДСМ ја донесе земјата до раб на банкрот
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска денеска рече дека филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво се најголемо потценување и навреда за народот.
СДСМ пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Венко Филипче како живее, бидејќи тоа што го зборувз СДСМ и тоа што го прави Филипче не соодветствуваат едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата се стига до јахти, облакодери и до акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите“, соопшти СДСМ.
Кога се зборува за економија и за животен стандард, СДСМ треба да се скрие и да молчи, се вели во соопштението.
„Од земја на раб на банкрот во времето на СДСМ, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции. Разликата е јасна. Со СДСМ се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
Кузеска денеска рече дека филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво се најголемо потценување и навреда за народот.
„Мицкоски ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Сака да им каже дека тие не знаат дека во изминати 6 месеци платите божем им пораснале за 66% или 110% за последните десет месеци? Вакви фантазии не постојат во македонската економија. Напротив. Со ВМРО-ДПМНЕ граѓаните ја живеат суровата реалност: цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат“, рече Кузеска.
И официјалните податоци целосно го демантираат Мицкоски, додаде таа.
– И минималната плата во Македонија е на дното на Европа и на Балканот. Во Босна и Херцеговина е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора 600 и 800 евра. А Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да се зголеми на 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат трошки, леб и сол. Додека Мицкоски зборува за четврта економија во Европа и шеста економија во свет по инвестиции, реалноста е сосема спротивна. Македонија е четврта во Европа, но одзади, на листата на најсиромашни земји. Филмовите на Мицкоски не ја хранат сиромаштијата, не ја плаќаат потрошувачката кошница и не им носат подобар живот на граѓаните – рече Кузеска.