СДСМ нека се зафати да си го исчисти својот двор, нека го заврши отчетниот конгрес за своите претходни 7 години работа, нека одржи еден нормален состанок, а потоа нека се зафаќа со работата на новата влада, изјави Софија Куновска на гостување на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“.
Според неа, уште ги чувствуваме последици од владеењето на СДСМ и ДУИ.
– Венко Филипче дојде за да го анестезира СДСМ. Потребно е да дојде нов свеж бран т.е простор на новата влада да ги санира последиците од претходната влада и да покаже дека ги реализира своите ветувања – рече Куновска.
Зоран Димитровски, заменик министер за надворешни работи кој исто гостуваше во емисијата рече дека очекувањата се високо подигнати, довербата во судството мора да се врати, но реално кусо е времето од 3 месеци за да се реформира судството.
– Пребрзо е за да видиме дали има резултати од борбата против корупција и организиран криминал. Прекраток е периодот за да се подигнат тие покрупни процеси во правосудсвото и довербата во истото беше некои 3% и ВМРО и коалицијата излезе со едни сериозни реформи во тој дел – истакна Димитровски.