Данела Арсовска во својот отчет излажа дека во првите 82 од мандатот ги исчистила сите депонии на територија на Град Скопје, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени, додека Арсовска ја лаже јавноста дека нешто работи. Идентично е и во секоја друга скопска општина, депониите не само што не се чистат туку секојдневно никнуваат и нови. За 82 дена од мандатот единствено што Арсовска успеа да направи е да постави мобилни тоалети, да нивелира шахти и да ја партизира градската администрација“, се наведува во соопштението.
СДСМ вели дека по првите три месеци од мандатот јасно е дека Арсовска е најнеуспешната градоначалничка на Град Скопје.
„Граѓаните на Карпош, како и сите скопјани, не заслужуваат ваква неспособна градоначалничка која наместо да ги реализира ветувањата, секојдневно бара оправдување за своето неработење“, велат од партијата.