СДСМ: Без срам и перде Мицкоски ги злоупотребува заболените од ковид-19, пописот ќе се спроведе со сите мерки за заштита

Мицкоски не е загрижен за здравјето на граѓаните, ниту пак сака државата да спроведе попис по цели 19 години. Се што тој прави е само за да го спречи напредокот на општеството, државата да остане без попис и целосни податоци, но тој филм нема да го гледа.

273

Претстојниот попис на население и домаќинства ќе се спроведе по сите светски стандарди и со почитување на сите протоколи и мерки за заштита на здравјето од коронавирусот. По 19 години државата ќе спроведе попис со кој ќе се добијат релевантни, прецизни и точни податоци, важни за креирање и спроведување на долгорочни, одржливи политики и стратегии, реагира СДСМ на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Христијан Мицкоски одново бара алиби, како што бараше алиби за да побегне од локалните избори во Штип. Потрчкото на Сашо Мијалков и Никола Груевски, Христијан Мицкоски, човекот кој прв ги кршеше мерките за заштита од коронавирусот денеска без срам и перде ги злоупотребува заболените и починатите од коронавирус во своите деструктивни политики на штета на граѓаните и државата. Тоа е Мицкоски, кога не шири лажни вести, кога не брани криминал, тогаш злоупотребува човечки несреќи во обид да ќари некаков политички поен, во обид да си ја зачува фотелјата во белиот дворец – велат од СДСМ.






Според социјалдемократите, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара одлагање на пописот, неговите соработници организираат јавни собири собирајќи потписи за спас на неговата фотелја во белиот дворец.

– Мицкоски не е загрижен за здравјето на граѓаните, ниту пак сака државата да спроведе попис по цели 19 години. Се што тој прави е само за да го спречи напредокот на општеството, државата да остане без попис и целосни податоци, но тој филм нема да го гледа. Граѓаните одамна го знаат тоа и затоа Мицкоски шест пати е поразуван, затоа е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму – велат од СДСМ.

Поврзани содржини
na