🎥 СДСМ БЕШЕ ЗРЕЛ ЗА ОПОЗИЦИЈА УШТЕ ВО 2020 ГОДИНА, В СРЕДА ГО ЧЕКА ИСТОРИСКИ ПОРАЗ Ковачевски ги повтори грешките на Заев и му се потчини на Али Ахмети

„СДСМ се доведе во позиција на целосна потчинетост кон ДУИ и кон Али Ахмети. Во Македонија се појави едно чувство на апартхејд - луѓето почувствуваа дека има малкумина коишто се привилегирани и се граѓани од прв ред и има едно огромно мнозинство граѓани од втор ред“, вели Христијан Мицкоски во поткастот на Плусинфо.

1,396

Нема да биде изненадување ако претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова в среда на 8 мај освои повеќе од 500.000 гласови, па дури и 600.000, но и ако ВМРО-ДПМНЕ има историски резултат од 61 освоен пратенички мандат на парламентарните избори.

Ова го тврди Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во видео-интервју за поткастот на Плусинфо, во рамките на серијалот на бесплатно претставување на учесниците во кампањите за овој изборен циклус.






Покрај повеќемесечната работа на дизајнирање и претставување успешна изборна програма и проширување на победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, кои се основни причини за успехот на 24 април, којшто ќе се повтори и в среда на 8 мај, Мицкоски ги анализира и причините кои се поврзани со владејачкиот СДСМ:

– СДСМ уште на изборите во 2020 година беш зрел за пораз, но во услови на корона бевме сведоци на епска злоупотреба на државни пари и ресурси. Па дури и така, СДСМ таа година имаше убедливо најслаб резултат во однос на владејачките партии во повеќе европски земји, кои убедливо победуваа на изборите – анализира Мицкоски.

Потоа уследи големиот пораз на локалните избори на СДСМ во 2021 година, по што ВМРО-ДПМНЕ, имајќи ги предвид интересите на државата, безуспешно се обидува да дојде до предвремени избори и на еден нормален, демократски начин да се испочитува волјата на мнозинството избирачи.

– Но, тие тогаш одлучија да опстојат на власт и да ги задржат позициите по било која цена, со насилно водење политика. Toa e оној период, кога исчезнуваа пратеници од парламентот, ако се сеќавате. Кога Зоран Заев поднесе оставка во владата и во партијата, природно беше да одиме на избори. Но, тогаш, на еден чуден начин, би рекол незапаметен начин до сега, тој го постави Димитар Ковачевски и за претседател на СДСМ и за премиер – вели Мицкоски и додава дека тоа е првата посериозна грешка на владејачката партија после поразот на локалните избори.

Втората голема грешка е потчинетата улога на СДСМ во однос на ДУИ, кога дојде до израз неискуството на Ковачевски, вели Мицкоски и додава:

– Со цел да ги задржи своите позиции во власта, СДСМ се доведе во позиција на целосна потчинетост кон ДУИ и кон Али Ахмети. Во Македонија се појави едно чувство на апартхејд, луѓето се почувствуваа дека има малкумина коишто се привилегирани и се граѓани од прв ред и едно огромно мнозинство граѓани од втор ред.

Мицкоски вели дека е изненаден и не ги разбира пораките и реториката на СДСМ во кампањата.

– Не ги разбирам. Тие пак ги повторуваат истите грешки од времето на Заев. Тоа е истата празна реторика. Се сеќавате, нели, на онаа метла што си ја даваа од рака в рака – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на метафоричната порака со метлата за „чистење“ во редовите на СДСМ, која повеќе служеше за мајтап наместо да биде прифатена како порака со посериозно значење.

Проследете го целото видео-интервју со Христијан Мицкоски:

Поврзани содржини