ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО на најбезобразен, брутален начин со апсење на новинарот Фуркан Салиу, реагира СДСМ и бара негово ослободување веднаш.
Можеби ќе ве интересира
– На сите им е јасно дека ова е обид за замолчување и заплашување, откако новинарот објави афера директно поврзана со ДПМНЕ. Ова е загрозување на слободата, на демократијата, на слободата на говор, загарантирана со Устав. Директен, брутален притисок врз независните новинари, врз оние кои истражуваат и работата за јавниот интерес – изјави Дарко Каевски од пред полициската станица каде е приведен Салиу.
Од СДСМ велат дека заедно со граѓаните ќе направат сѐ што е потребно Фуркан да може слободно и безбедно да ја кажува вистината и понатаму, а, како што истакнува СДСМ, полициската бруталност да биде спречена.