СДСМ БАРА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ДА БИДЕ 600 ЕВРА, А ВО ФИРМИТЕ НА ЗАЕВИ ПЛАТИТЕ СЕ МИНИМАЛНИ Манасиевки му реплицира на Филипче

Барањето на СДСМ за 600 евра минимална плата е крајно несериозно, популистичко и без никакви претходни факти и аргументи – рече Манасиевски од ВМРО-ДПНЕ.

0

Отворено ја прашуваме јавноста – колку вработени во фирмите на Заеви земаат минимална плата? Според нашите сознанија и информации со кои располагаме, вработените во фирмите на Заеви земаат плата во вид на минимална – изјави денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарски прашања по одржаниот прес.

Тој беше прашан за ставот на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на СДСМ за 600 евра минимална плата. Манасиевски рече дека токму со ова барање се покажало кој стои зад ССМ и нивните барања, а тоа се СДСМ и Левица.






– Меѓутоа, барањето на СДСМ за 600 евра минимална плата е крајно несериозно, популистичко и без никакви претходни факти и аргументи. Вчера бевме сведоци на тоа дека претседател на партија, во случајот Венко Филипче на прес-конференција излезе крајно неспремен, предложи Закон за 600 евра минимална плата, без претходно тој закон технички да му биде спремен, да има увид колку средства би биле потребни од буџетот и на кој начин би стигнал до истите и слично. Е ова е чист доказ дека СДСМ нема ниту програма, ниту визија како да ги промени работите. Имаа 7 години време минималната плата да ја искачат до 600 евра. Тоа не го направија, но затоа ги наполнија своите џебови – истакна Манасиевски.

Поврзани содржини