СДСМ БАРА МИЦКОСКИ ИТНО ДА ГО СМЕНИ ГАШИ Опозицијата ќе му даде поддршка на премиерот за смената

Го повикуваме обвинителството да покрене постапка, а Мицкоски да излезе во јавноста и да побара од Гаши политичка одговорност, рече Кузеска.

226

СДСМ бара премиерот Христијан Мицкоски итно да го смени Африм Гаши од претседател на Собранието за што СДСМ ќе му даде поддршка.

– Го повикуваме обвинителството да покрене постапка, а Мицкоски да излезе во јавноста и да побара од Гаши политичка одговорност. Овој случај не може да се смета за затворен додека сите инволвирани во него не понесат одговорност. Институциите се должни итно да започна постапки. На Мицкоски му порачуваме наместо да се нуди да биде ескорт на ВИП личности на скопскиот аеродром, да обезбеди почитување на правото кое не го вади од уста. Нека го доведе Гаши до одговорност за случајот. Само толку – изјави денеска на прес конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.






Таа вели дека притисната до ѕид, ВМРО-ДПМНЕ побарала одговорност од извршителот, но не и од нарачателот.

– Тошковски удира по самарот и го штити својот коалициски партнер Африм Гаши, на сметка на неказнивост, самоволие и непочитување на македонските закони. За целосно расчистување на скандалот мора да има одговорност за коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши. Според извештајот на МВР стои дека „Пријавениот С.С. бил испратен на Меѓународниот аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание” и дека „Санкциите кон обезбедувачот и другите вработени во МВР, дел од обезбедувањето на Гаши се поради извршување незаконска наредба“. Со ова се потврдува одговорноста кај Гаши дури и од страна на МВР. Прашуваме, зошто ништо не е преземено досега? Дали Мицкоски ќе излезе јавно да побара од него одговорност? Дали МВР ќе покрене постапка? Или решија да го пуштат низ вода обезбедувачот, на сметка да го заштитат нарачателот? – праша Кузеска.

Поврзани содржини